Преполни плоштади во светските метрополи

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Новогодишната ноќ во градовите ширум светот во првата година по пандемијата на коронавирус привлече голем број луѓе на улиците, со спектакуларни изведби на музички ѕвезди и огнометиПо две години со пандемија од корона, прославите повторно беа целосно ослободени од ограничувања.

Велика Британија ја дочека Новата година со огномет над реката Темза, со кој и оддаде почит на покојната кралица со снимка од нејзиниот глас и зборови од актерката Џуди Денч, пред да му оддадат почит на кралот Чарлс, заедно со неговата порака за потребата од зачувување на иднината на нашата планета.

Пред одбројувањето и огнометот што започнува на полноќ, парижаните и туристите беа поканети да се соберат на Шанзелизе од 22 часот за да уживаат во музичката програма во чест на француските уметници. Традиционалната новогодишна ноќ на Шанзелизе во Париз беше разубавена со прекрасно осветлување. Новогодишниот огномет се врати по пауза од две години.

Њујорк традиционално ја дочека Новата година на Тајмс Сквер. Публиката до полноќ имаше можност да ужива во изведбите на J-Hope и New Edition, а на полноќ на Тајмс Сквер беше пуштена песната на Френк Синатра „New York“. Точно на полноќ, одекна громогласен аплауз. Студеното време и снегот не ја расипаа новогодишната еуфорија.

Прославата не ја заобиколи ниту Москва, иако властите го затворија познатиот Црвен Плоштад поради ограничувањата на пандемските мерки и го зголемија полициското присуство во областа. Од друга страна, во главниот град на Украина улиците беа пусти и немаше навестување за новогодишна прослава.

Во Кина и покрај ограничувањата граѓаните сепак излегоа на улиците да ја дочекаат новата 2023 година.

Share This Article