More

    Премногу го користи авионот и ја „труе планетата“

    spot_img

    Популарната пејачка Тејлор Свифт е на удар на критики бидејќи често патува на концерти со приватен авион, што ја загадува околината.
    Покрај настапите, таа користи приватен авион и за да лета на натпреварите на нејзиното момче Тревис Келче, играч на НФЛ Канзас Сити Чифс.

    Така, минатиот викенд таа отпатува од Токио до Лас Вегас, лет од 12 часа и 8.000 километри, за да може да биде на Супер Боул.

    Поради ова, како и бројни други летови, пејачката е на удар на критики од зелените активисти на сметка на количината на штетните емисии на CO2, пишува Би-Би-Си.

    Наводно, само таа била одговорна за 138 тони емисии на CO2 во текот на трите месеци и патувањето поради Келче, пресметале од Њусвик.

    – Тоа е екстремно и ја загадува атмосферата. Тоа е една од водечките причини за климатската криза, која ја загрева планетата и придонесува за екстремни временски настани – вели Леа Томас, авторка на книгата „The Intersectional Environmentalist!
    Нејзините чести летови се во центарот на вниманието и на Џеко Свенији, студент кој ги следи приватните летови на богатите и славните. Претходно ги таргетираше летовите на Илон Маск, а сега ги следи и пресметува штетните емисии за кои што е одговорна Тејлор.

    Според Би-Би-Си, легално ги следи емисиите на јаглерод на пејачката и другите познати личности, бидејќи линиите на авионите се јавна информација, па дури и ако се познати и славни. Информациите за летот Свини ги објавува за Тејлор Свифт еден ден по летот, а не во живо.

    Податоците покажале дека голем број летови се совпаѓаат со игрите на Chiefs, а пред неколку дена беше откриено дека адвокатите на Тејлор Свифт го контактирале. Тие му се заканиле со тужба и побарале да престане да ја објавува информацијата, велејќи дека тоа ја загрозува нејзината безбедност и дека се работи за „живот и смрт“.

    Многубројните летови на пејачката биле предмет и на студија на британската маркетинг компанија Јард, во која е наведено дека Свифт е водечки загадувач меѓу познатите личности во 2022 година, односно дека загадува 1100 пати повеќе од просечниот човек. Во корист на Тејлор, тие податоци се земени од Твитер и нивната анализа не е потврдена, бидејќи немало податоци дека Тејлор била на секој од тие летови, како и други ѕвезди на нивниот.

    Публицистот на пејачката потврдил за Би-Би-Си дека таа користи „надомест“, односно плаќа за да го надомести загадувањето кое го создаваат нејзините летови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img