Сите вработени во јавниот сектор кои нема да добијат минимална плата за март во износ од 18.000 денари, разликата ќе ја добијат откако во Собранието ќе бидат усвоени законските решенија кои тоа треба да го овозможат.
-При носењето законското решениа за минимална плата од 18.000 денари јас кажав дека сите вработени во јавниот сектор ќе ја добиваат. За тоа е потребно да се изменат одредени закони кои во моментов не се изменети и се во собраниска процедура, поради што Владата веќе минатата недела донесе заклучок со којшто ќе биде овозможено оние коишто нема во овој месец да ја добијат платата до 18.000 денари. Таа разлика да им биде исплатена веднаш штом ќе биде донесе законот соодветен за административни службеници – изјави премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање по денешната посета на реновираниот оддел за онкологија на ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести.