More

    Премиерот Трудо најави употреба на сила

    spot_img

    Канадскиот премиер Џастин Трудо најави дека ќе ги активира своите овластувања за итни случаи за да стави крај на протестите кои ги блокираа граничните премини и парализираа делови од главниот град.

    Протестите наречени „Конвој на слободата“ ги почнаа канадските возачи на камиони во спротивставување на мерките со кои се бара од возачите на камиони кои ја минуваат границата или да бидат вакцинирани или ставени во карантин, а сега им се приклучија и други противници на политиката на Трудо.

    -Блокадите и штетат на нашата економија и ја загрозуваат јавната безбедност. Не можеме и нема да дозволиме продолжување на незаконските и опасни активности – рече Трудо.

    Полицијата во неделата ја укина шестдневната блокада на мостот „Амбасадор“, што минува низ главната трговска маршрута до Детроит. Но, во пограничните градови Виндзор, Онтарио и главниот град Отава, протестите влегуваат во својата шеста недела и расте незадоволството меѓу критичарите кои сметаат дека полицискиот пристап е премногу благ кон демонстрантите.

    Законот за вонредна состојба ѝ дозволува на федералната влада да примени специјални привремени мерки за да обезбеди безбедност во итни случаи. Законот досега е имплементиран само еднаш, во 1970 година, а го спроведе таткото на Трудо, тогашниот премиер Пјер Трудо.

    Премиерите на Алберта, Квебек, Манитоба и Саскачеван се спротивставија на законот, велејќи дека тој е непотребен.

    Трудо рече дека мерките ќе бидат „географски ограничени, насочени само кон оние места каде што е потребна нивна примена“ и „временски ограничени“.

    Примената на законот ќе треба да биде одобрена од канадскиот Парламент, што, исто така, има овластувања да го отповика.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img