Премиерот на Република Словачка, Роберт Фицо е во многу тешка состојба откако попладнево беше ранет во градите и стомакот откако излегол на улица

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Премиерот на Република Словачка, Роберт Фицо е во многу тешка состојба откако попладнево беше ранет во градите и стомакот откако излегол на улица, јавија словачките медиуми.

Владината прес-служба соопшти дека состојбата на Фицо е животозагрозувачка. Оттаму додаваат дека тој ќе биде транспортиран со хеликоптер во градот Банска Бистрица, откако поради неговата состојба не било можно да биде пренесен во Братислава.

Обезбедувањето и полицијата притрчале да му помогнат, додека кај граѓаните кои бегале владеела општа паника. Обезбедувањето го внело Фицо во автомобил, потоа во хеликоптер и е пренесен во болница.

Фицо поладнево е ранет во градот Хандлова, на 150 километри од Братислава, пред Домот на културата, каде што претходно се одржа седница на Владата, кога излегол меѓу собраните луѓе да ги поздрави.

Лицето кое пукаше кон Фицо е во притвор, јави ДПА повикувајќи се на словачката агенција ТАСР.

Според очевици, напаѓачот го повикал премиерот со зборовите „Робо, дојди ваму“.

Словачката претседателка Зузана Чапутова го осуди „бруталниот“ напад врз Фицо и му посака добро закрепнување.

Share This Article