Премиерот Мицкоски најави спортска сала во Воената академија и обнова на студентските домови

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Со оградбата на ООУ „Блаже Конески” од 200.000.000 денари ќе се овозможи децата да се образуваат во современи услови, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на поставувањето на камен-темелник на доградбата на деветолетката
– Означуваме почеток на уште еден проект којшто значи пред сѐ за жителите во Општина Аеродром. 200 милиони денари е навистина огромна капитална инвестиција со којашто ќе се овозможи децата да се образуваат и да го стекнуваат своето знаење во услови коишто ќе бидат современи, би рекол европски. Како Влада ќе продолжиме и во иднина да ги продолжуваме ваквите иницијативи, ваквите проекти – рече Мицкоски.
Премиерот посочи дека заврши јавниот повик на Министерството за локална самоуправа за општините да поднесат предлог проект.
– Општина Аеродром, исто така, поднесе свои проекти. Истото тоа ќе го сториме на почетокот на следната година, така што сето она коешто е ветено ќе биде испорачано. Можам да кажам дека повеќе од 21 милијарда денари ќе бидат реалоцирани од централниот буџет кон општините за капитални инвестиции, за нови булевари, улици, водоводи, канализации, училишта, градинки итн.. Нешто што досега не се случило. Тоа е една огромна инвестициска активност – рече Мицкоски.

Целта на оваа Влада е да поддржува капитални инвестиции, додаде, да поддржува проекти што ќе значат додадена вредност во квалитетот на живот на македонските граѓани.

– Јас како претседател на Владата можам да кажам дека многу работи недостасувале изминативе години да се направат во Македонија. Нашиот мотив и инспирација се граѓаните. Има многу да се направи, имајќи ја предвид катастрофалната ситуација којашто ја затекнавме оној 24 јуни, но тоа е што е. Ние мораме да го испорачаме тоа коешто сме го ветиле и тоа од ден на ден го испорачуваме. Ова е дел од тие ветувања и многу сум радосен што ете отпочнува со реализација овој капитален проект, бидејќи бев информиран од градоначалникот дека доколку ова не се случеше постоеше можност тука да се воведе и трета смена, нешто што не треба да го дозволиме, а ние сме за едносменско работење – додаде премиерот Мицкоски.

Доградбата на училиштето е финансирана од Општината Аеродром и поддржана од Владата. Ќе се спроведува во две фази, а во првата фаза во наредните 18 месеци ќе добие дополнителни десет училници и осум кабинети по предметна настава.

Проектот предвидува и голем хол со бина, главни скали и лифт, кујна со трпезарија, нови тоалети и тоалет за лица со посебни потреби, како и други сервисни простории.

В.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески рече дека ова е едно од најстарите училишта во Аеродром, изградено уште во 1954 година.

– Основното училиште постои 70 години, истото е официјално пуштено во 1954 година. На барање на граѓаните создаваме подобри услови за учениците и со ова докажуваме дека ги исполнуваме нашите предизборни ветувања – рече Митески.

Премиерот Мицкоски посочи дека е завршен јавниот повик што го објави Министерството за локална самоуправа во којшто беа повикани општините да поднесат предлог проекти. Рече дека повеќе од 21 милијарда денари ќе бидат реалоцирани од централниот буџет кон општините за капитални инвестиции.

– Можам да кажам дека повеќе од 21 милијарда денари ќе бидат реалоцирани од централниот буџет кон општините за капитални инвестиции, за нови булевари, улици, водоводи, канализации, училишта, градинки. Целта на оваа Влада е да поддржува капитални инвестиции, да поддржува проекти коишто ќе значат додадена вредност во квалитетот на живот на македонските граѓани, рече Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање тој рече дека многу набрзо ќе почнува изградбата на спортската сала во Воената академија.

– Преку Министерството за спорт, во склоп на Воената академија ќе отпочне реализацијата и на таа спортска сала, набргу. Тоа е еден од оние проекти коишто се дел од капиталните инвестиции, ние мораме да имаме повеќе капитални инвестиции со што ќе ја зголемиме економската активност на компаниите кај нас, а со тие капитални инвестиции ќе го зголемуваме бруто домашниот производ, така што и тоа е едно од оние ветувања што ќе отпочне со реализација бидејќи го помина владиниот филтер на вчерашната владина седница – рече Мицкоски.

Во врска со реконструкцијата на државниот студентскиот дом „Стив Наумов“ премиерот изјави дека над 18 милиони евра ќе бидат вложени за реконструкција на студентските домови, но не само во Скопје туку и во другите градови, каде што има универзитетски кампуси и центри. 18 милиони евра ќе бидат вложени за два студентски дома во Скопје,  „Кузман Јосифовски- Питу” и „Стив Наумов”, каде реконструкцијата е во тек и се очекува да биде завршена следниот период.

Share This Article