More

    Премиерот Милош Вучевиќ го предводи владиниот тим со 31 министер

    spot_img

    Собранието на Србија ја избра новата Влада на Србија на чело со претседателот Милош Вучевиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

    Од 250 пратеници колку што има српското собрание, за новата влада гласаа 152 од 213 присутни пратеници, а 61 беа против. Воздржани немаше, а отсутни беа 37 пратеници.

    Новата Влада на Србија ќе брои 31 член, од кои 5 се министри без ресор. Новата влада има третина од новите имиња во однос на претходната Влада на Србија предводена од Ана Брнабиќ.

    Премиерот на новата српска влада Милош Вучевиќ во експозето на собраниската седница најави дека новата српска влада ќе биде континуитет на политиката на досегашните влади и на претседателот Александар Вучиќ.

    За Македонија кажа дека е држава која во Србија секогаш може да најде партнер и повеќе од тоа.

    Во новата влада Синиша Мали ќе биде вицепремиер и министер за финансии, Ивица Дачиќ-министер за внатрешни работи и вицепремиер, Александар Вулин-вицепремиер, Ирена Вујовиќ- вицепремиерка и министерка за заштита на животната средина, Братислав Гашиќ-министер за одбрана, Марко Ѓуриќ-министер за надворешни работи, Тања Мишчевиќ-министерка за евроинтеграции, Горан Весиќ – министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Дубравка Ѓедовиќ-министерка за рударство и енергетика, Златибор Лончар-министер за здравство, Томислав Момировиќ-министер за внатрешна и надворешна трговија, Маја Поповиќ-министерка за правда, Славица Ѓукиќ Дејановиќ-министерка за образование, Немања Старовиќ-министер за вработување, труд, ветерани и социјални прашања, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски – министерка за семејна грижа и демографија, Никола Селаковиќ – министер за култура, Андријана Месаровиќ – министерка за економија, Јелена Жариќ Ковачевиќ – министерка за администрација и локална самоуправа, Јелена Беговиќ- министерка за наука и иновации и Хусеин Мемиќ – министер за туризам.

    Милан Кркобабиќ е министер за грижа на селото, Дејан Ристиќ е министер за информации и телекомуникации, Дарко Глишиќ министер за јавни инвестиции, Новица Тончев, Усаме Зукурлиќ, Ненад Поповиќ и Татјана Мацура се министри без ресор.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img