Премиерот Ковачевски во Њујорк ќе одржи средби со високи претставници на УНИЦЕФ и УНДП

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Работната агенда на премиерот Димитар Ковачевски, во Њујорк продолжува со низа средби и настани по повод 30 години членство на Северна Македонија во Обединетите Нации. Денеска, 4 мај предвидени се средби со амбасадорот на постојаната мисија на Европската Унија Н.Е. Олоф Скуг, со заменик-извршниот директор на УНИЦЕФ, Омар Абди, како и со регионалната директорка на УНДП за Европа и Централна Азија, Ивана Живковиќ.

Во попладневните часови, по американско време, премиерот Ковачевски ќе се обрати на приемот по повод 30 годишнината од членството на Северна Македонија во Организацијата на обединетите нации во Њујорк.

Предвидено е да ја посети и една од најстарите синагоги, основана од бегалци од Јанина и Солун од страна на Романиоти (Римјани Евреи). Во 1912 година, битолски Евреи се населуваат во овој дел од Менхетн и ја прифаќаат оваа синагога како нивна најблиска и тука ја чуваат тората која ја донеле со себе од Битола во 1912 година.

Share This Article