Премиерот Ковачевски песимист за истрагата за дојавите со бомби

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Скоро апсолутно е невозможно да се детектира од каде доаѓа дојавата – одговори премиерот Димитар Ковачевски, на прашање што се презема за да се најдат дојавувачите на бомби во трговски центри, училишта, институции, згради. Ковачевски појасни дека голем дел од дојавите се прават преку т.н. ВПН врски хостирани во странство.

– ВПН се виртуелни приватни мрежи, хостирани во странски држави. Затоа се работи со партнерски служби. Ова е хибридна војна. МВР работи интензивно со партнерските служби. Да, секојдневно комуницираат. Со НАТО и со другите земји со кои имаме соработка. Се прават анализи со службите за безбедност. Што се однесува за мерките по секоја дојава – тие мора да бидат спроведени по протокол, без импровизација. Одделот за антитероризам ги проверува сите училишта за да може да во најкус рок да се утврди дека дојавите се лажни – рече Ковачевски.

Тој упати порака до граѓаните да не учествуваат во овие активности, а додаде дека Македонија не е единствена земја со ваков проблем.

– На ваков тип напади масовно се изложени и соседните земји. На пример, вакви последни дојави има во Црна Гора, Србија, како и подалечни земји – Нов Зеланд, Канада, САД, Германија итн. Според експертите од оваа проблематика особено се зголемени по војата во Украина, која е најпогодена од ваквите напади – рече премиерот Ковачевски.

Share This Article