More

    Премиерот Ковачевски ќе учествува на Безбедносниот форум на Глобсек 2023 во Братислава

    spot_img

    Премиерот Димитар Ковачевски, денеска и утре ќе учествува на Глобалниот безбедносен форум на Глобсек 2023 во Братислава.

    На Форумот, учествуваат шефови на држави и влади од Европа и светот, како и претставници на најзначајните и највлијателни меѓународни организации.

    Премиерот Ковачевски, ќе се обрати на панел сесија на тема „Отворени патишта: Балканот се враќа во игра“. На панелот, во фокус на дискусиите ќе биде регионалната соработка, интеграцијата на регионот во ЕУ и предизвиците за Европа од војната во Украина.

    Во рамки на агендата, премиерот Ковачевски ќе одржи билатерална средба со францускиот претседател Емануел Макрон, како и со специјалниот претставник на ЕУ задолжен за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак.

    Безбедносниот форум на Глобсек е етаблиран како најистакната платформа низ регионот на Централна и Источна Европа (ЦИЕ). Овогодишното, 18 издание на Форумот, има за цел да го потсети светот дека овој регион никогаш не бил поклучен во обезбедување на глобалната стабилност.

    Во фокус на дискусиите на претстојниот Форум, учесниците ќе се фокусираат на три теми и тоа: натамошната поддршка за Украина, отпорноста на Европа наспроти војната, како и ублажувањето на глобалните последици од конфликтот преку зајакнување на економските и енергетските врски.

    На маргините на Форумот, премиерот Ковачевски ќе оствари и билатерални средби и разговори со учесници на Форумот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img