More

    Премиерот ја доставил поканата за лидерска средба до Мицкоски

    spot_img

    Претседателот на СДСМ во интервју за Канал 5 вечерва рече дека поканата за средба со Христијан Мицкоски е веќе доставена до ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели дека ќе се зборува на две клучни теми, за гласањето за уставните измени и второ, за односите на Македнија со нејзините соседи.

    Според премиерот, доколку не се изгласаат уставните измени Македонија ја очекува изолација слична како во периодот од 2006 до 2016 година.

    – Доколку не успеат уставните измени за кои што тие (ВМРО-ДПМНЕ) се залагаат, ние ја гледавме таа ситуација од 2006 до 2016 година, тоа е изолација. Тука не треба да сте некој кој што ќе треба да измисли нешто за да знаете што постигнавте. Што после тоа што ние го видовме од 2006 до 2016 година кога државата ниту еден милиметар не напредуваше во своите евроатлански интеграции, кога државата беше изолирана, кога државата беше оквалификувана како заробена држава, кога според слободата на медиумите бевме 130 во светот а сега сме 38- ми во светот, кога владеењето на правото беше тотално нарушено. Кога ако ги погледнете рангирањата и на Енономист и на Фридом хаус и на сите други релевантни меѓународни институции бевме да дното – рече Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img