More

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека разговорите со банките за пласирањето на парите од унгарскиот кредит за домашните компании не оделе според очекуваното, но рече дека компаниите ќе ги добијат парите со 3,25% камата, односно истата со која е добиен кредитот

    spot_img

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека разговорите со банките за пласирањето на парите од унгарскиот кредит за домашните компании не оделе според очекуваното, но рече дека компаниите ќе ги добијат парите со 3,25% камата, односно истата со која е добиен кредитот.

    Тој информира дека парите од унгарскиот кредит во износ од 500 милиони евра веќе се легнати на сметката на Народна банка. Од нив, половина ќе бидат за компаниите, односно кредити за компаниите, а останатите средства ќе бидат за капитални инвестиции, дел за општините, дел за Владата.

    – Веќе сме во преговори со банките како овој процес ќе функционира во пракса за да останат истите услови. Морам да кажам дека почетоците на овие преговори не се онакви какви што ние очекувавме, но тоа е што е. Ќе разговараме со банките, па ќе видиме до каде ќе стигнеме. Но, во секој случај компаниите ќе ги имаат истите услови коишто ги имаше овој заем, односно 3,25% камата, 3 години грејс период и период на отплата до 12 години – појасни Мицкоски.

    Тој појасни дека кај некои од банките има дилема дали можат машините повеќе од 7 години да бидат интабулирани поради амортизацијата итн. Но, како што рече, се надева дека низ еден разговор сето ова ќе биде минато.

    Прашан дали банките бараат висока провизија, рече дека засега би се воздржал од коментар.

    – Но, она што е важно е дека на крајот компаниите и стопанството мора да ги имаат истите услови коишто ние ги кажавме. Како ќе го изорганизираме сето тоа оставете ние да го испреговараме – рече Мицкоски.

    На прашањето дали се планира напуштање на фиксниот курс на денарот, тој рече дека тоа нема да се случи, а за каматните стапки посочи дека полека се намалуваат.

    – Не, тоа нема да има. Тоа не зависи од нас, тоа зависи од Народната банка. Колку што знам јас во изминатите неколку месеци откако е избрана новата Влада, Народната банка двапати ги коригираше каматните стапки така што полека, но сигурно имаме растоварување од тој аспект – рече Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img