More

    Премиерот Донев ја корегира изјавата на министерот Милков

    spot_img

    Бугарија не сака да се меша во внатрешните работи на Република Северна Македонија. Уставните измени и носење други закони секоја држава треба да ги решава согласно внатрешната практика. Не е точна интерпретацијата дека ние сме сакале да учествуваме во тој процес – изјави бугарскиот технички премиер Галаб Донев во интервју за БТВ.

    Донев потсети дека земјава презела ангажман да ги вклучи Бугарите во Уставот заедно со сите останати наброени народи, со што, како што рече, ќе им бидат гарантирани нивните права. Според него, нормално е Република Северна Македонија да ја исполни преземената обврска, којашто не е само кон Бугарија, туку кон сите земји членки на ЕУ.

    – Република Северна Македонија, потпишувајќи го договорот за присоединување и отпочнување преговори со ЕУ, го потпиша тој договор со сите земји членки – рече Донев.

    Шефот на бугарската дипломатија Николај Милков во средата на брифинг изјави дека Бугарија би сакала да биде вклучена и консултирана во процесот за впишување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија, на што македонското МНР реагираше со соопштение дека процесот на уставни измени претставува внатрешно прашање на Северна Македонија, а претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски ја оценија изјавата на Милков како скандалозна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img