Премиерот Димитар Ковачевски денеска по третпат во рок од неколку дена влезе во продавница да испазари, но и за да утврди дали се почитува владината мерка за замрзнување на цените на одредени продукти

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Премиерот Димитар Ковачевски денеска по третпат во рок од неколку дена влезе во продавница да испазари, но и за да утврди дали се почитува владината мерка за замрзнување на цените на одредени продукти.

Овојпат тој се одлучи за маркетот „Кит го“ во скопската населба Тафталиџе.

Откако испазари, односно додека се подготвуваше да даде изјава за медиумите, на премиерот му пријде една пензионерка која почна да му се жали за ниските пензии и за високите цени на основните производи.

– Ве молам, кој може да преживее со пензија од 12.000 денари? Цените се кренати до плафон, со два денари макарони и јајца на 99 денари и сега ги замрзнавте цените. Што е, тоа е поевтинување? Многу тежок дојде животот па не можеме да купиме ниту лекарства – му рече пензионерката на премиерот.

Ковачевски се согласи со тврдењето дека цените биле многу зголемени, но како што ѝ рече на жената, тоа е така затоа што во Европа се води војна.

– Точно е дека цените беа многу зголемени. Војна во Европа се води и секаде се зголемени. Но, еве пензиите ги зголемивме, а цените ги намаливме за да може секој подобро и полесно ја помине кризата – одговори премиерот.

Share This Article