More

    Премиера на „Индијана Џонс 5“ во Кан

    spot_img

    Долгоочекуваниот нов филм од серијалот за археологот-авантурист Индијана Џонс, кого за последен пат ќе го глуми Харисон Форд, ќе биде премиерно прикажан на францускиот Филмски фестивал во Кан во мај, потврдија организаторите.

    „Индијана Џонс и Бројчаникот на судбината“ (Indiana Jones and the Dial of Destiny), со Фиби Волер-Бриџ и Антонио Бандерас покрај Форд, е петтиот дел оваа филмска авантура. Холивудскиот ветеран веќе најави дека ова ќе биде негов последен „Индијана Џонс“. Со овој филмски лик светот првпат се запозна во 1981 година, со филмот „Индијана Џонс: Крадците на изгубениот ковчег“.

    Фестивалот во Кан оваа година ќе трае од 16. до 27 мај, а неговата целосна официјална програма ќе биде објавена следниве неколку недели. Меѓу скудните информации, потврдено е дека најновиот филм на Мартин Скорсезе и Леонардо ди Каприо, „Убијците на цветната месечина“ (Killers of the Flower Moon) ќе има премиера на фестивалот на 20 мај.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img