More

    Премалку се 2 години и 3 месеци затвор за одземен 10-годишен живот

    spot_img

    Невладината организација Ромалитико заедно со родителите на 10-годишниот Мануел Асановски кој беше прегазен и почина на познатата скопска улица Пластичарска, денеска напладне ќе протестираат против пресудата што му беше изречена на возачот кој го усмрти Мануел.

    На 12 октомври 21-годишниот Шукри Зеќири со возило марка Мерцедес Е-320 на улица Пластичарска во Скопје го усмрти 10-годишниот Мануел Асановски и побегна од местото на несреќата.

    Еден месец подоцна откако, Зеќири ја призна вината, судијката Марија Клетничка донесе пресуда со која тој беше осуден на затворска казна од 2 години и 3 месеци и 3 годишна забрана за управување со моторно возило по отслужување на казната.

    „Укажуваме дека губењето на животот на 10-годишниот Мануел е трагедија и болка којашто ќе го следи семејството до крајот на животот и најмалку што може судот да направи за овој случај е да донесе праведна одлука за казна на сторителот. Со организираниот протестен марш, Ромалитико, ромската заедницата и сите незадоволни од судскиот систем, а во овој случај незадоволни од одлуката на судијката Марија Клетничка бараме казната затвор да биде зголемена и да се земат околностите според кои е сторено кривичното дело, пристап до правда и правични пресуди за ромската заедница во случаи кога жртвата е Ром или Ромка и активно учество на ромската заедница во судската власт. Ваквите пресуди во коишто сторителите добиваат минимални казни, а има човечки жртви, како во случајот на Мануел, дополнително ја потврдуваат недовербата на граѓаните во правосудниот систем во државата – велат во највата за протестот од невладината Ромалитико.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img