More

    Прекин на огнот меѓу Израел и Палестинците

    spot_img

    На предлог на Египет, завојуваните Израел и палестинските милитанти од „Исламски џихад“ се согласија од вечерва да има прекин на огнот во Газа, наведуваат египетски извори, откако Израел во текот на викендот гаѓаше палестински цели, што ги натера милитантите да истрелаат ракети со долг дострел врз израелските градови.

    Египетски безбедносен извор изјави дека Израел се согласил на прекинот на огнот. Тој треба да стапи на сила во 19 часот по Гринич.

    Каиро сè уште го чека палестинскиот одговор.

    -Израелската страна го прифати прекинот на огнот, изјави египетски функционер кој сакаше да остане анонимен, но не даде прецизна временска рамка за прекин на огнот.

    Прекинот на огнот беше постигнат со посредство на Каиро, првата арапска земја што потпиша мир со Израел во 1979 година.

    Во меѓувреме, денеска продолжува најжестокиот конфликт меѓу „Исламскиот џихад“ и Израел по кратката војна минатата година.

    Разгорувањето на конфликтот, што потсетува на увертирата на претходните војни во Газа, ги загрижи светските сили.
    Меѓутоа, ситуацијата е релативно под контрола затоа што Хамас, владејачката исламистичка група во Појасот Газа и помоќна сила од „Исламскиот џихад“, што е поддржан од Иран, досега остана надвор од конфликтот.

    Официјални лица во Газа соопштија дека од петокот во израелските напади загинале 31 Палестинец, од кои најмалку една третина биле цивили, вклучително и деца.

    Израелските власти ја оспоруваат бројката и тврдат дека неколку палестински деца биле убиени во саботата вечерта во Џабалија, на север, од залутана ракета истрелана врз Израел од Исламски џихад, а не од војската.

    Ракетите од Газа парализираа голем дел од јужниот дел на Израел и ги испратија жителите во градовите вклучувајќи ги Тел Авив и Ашкелон во засолништа.

    Исламски џихад утринава ги прошири своите ракетни напади кон Ерусалим како одмазда за убиството на неговиот командант во текот на ноќта во јужниот дел на Газа, вториот таков висок офицер што го загуби во борбите.

    Израел тврди дека за цел го има „Исламски џихад“, бидејќи од почетокот на операцијата во петокот уби 15 нивни борци и додава дека против милитантните води „превентивна војна“.

    Палестинската група возврати со истрелување на над 160 ракети врз израелска територија, а повеќето од ракетите се пресретнати од израелскиот противракетен штит „Железна купола“ .

    Ова е најлошиот конфликт меѓу еврејската држава и вооружените групи во Газа од војната во мај 2021 година кога за 11 дена загинаа 260 Палестинци и 14 на израелска страна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img