Позициите на Русија и Украина во мировните преговори звучат пореалистични, но потребно е повеќе време, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето доцна вечерно обраќање до нацијата.
-„Средбите продолжуваат и, како што ми рекоа, барањата веќе звучат пореално. „Но, ќе биде потребно уште малку време за да се донесат одлуки кои ќе бидат во интерес на Украина“, рече Зеленски во своето обраќање.
Претходно, висок украински функционер, Михаило Подољак, член на преговарачкиот тим, рече дека разговорите со Русија биле многу тешки и дека има суштински несогласувања, но дека има простор за компромис.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на прес-конференција во вторникот изјави дека се водат преговори за „неутралниот воен статус на Украина, во контекст на безбедносните гаранции за сите учесници во процесот и за демилитаризацијата на Украина“, објави руската новинска агенција Интерфакс.