Нова надеж за дипломатско решение на војната во Украина. Почна вториот круг преговори меѓу Русија и Украина, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на Министерството за надворешни работи на Белорусија.
Преговорите се водат во Беловежскаја Пушча на границата меѓу Белорусија и Украина.
Барањата на Русија се да се признае суверенитетот на Русија над Крим, кој беше припоен во 2014 година, како и независноста на ДНР и ЛНР во границите на административните области, што е за две третини повеќе територија од оние што овие сепаратистички републики ги имаа само седум дена. Русија бара и демилитаризација на Украина, со точно дефинирани параметри од кое оружје треба да и се одземе на Украина.
Барањето на Украина е јасно – повлекување на руската армија од целата територија на Украина, јавува репортерот на Н1.