Преговори во полн ек – Османи и Генчовска вчера во Софија во нов обид за решение прифатливо за двете страни

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Преговори во полн ек – Османи и Генчовска вчера во Софија во нов обид за решение прифатливо за двете страни, брифираат дипломатски извори за ТВ 24.

Тие велат дека експертски тим од 3 претставници од МНР предводен од министерот Османи вчера бил во еднодневна посета на Софија, а во бугарското МНР заедно со шефицата на бугарската дипломатија во заминување Генчовска и нејзиниот тим се разговарало за нова поприфатлива верзија на францускиот предлог. Според нашите извори преговорите се во сензитивна фаза, а Софија засега не попушта за бугарските црвени линии, кои македонската страна ги дефинираше како неприфатливи.

За македонската страна предлогот од Париз во оваа форма е официјално неприфатлив , а дека нема ништо ново на повидок денеска потврди и премиерот.

Share This Article