More

    Јаневска најавува дебата за промена на концептот за основно образование

    spot_img

    Тоа што не дава резултати, мора да биде променето. Одредени аспекти на Концепцијата за основно образование ќе претрпат измени, затоа што ниту наставниците, ниту учениците и родителите не се задоволни од имплементацијата и постигнатите ефекти, изјавила  министерката за образование и наука Весна Јаневска на средбата со директорот на Бирото за развој на образованието, Абдулфета Фетаи.

    На средбата, како што соопштија од Министерството за образование тема на разговор биле актуелните состојби во образованието.

    – Планираме историја, географија, граѓанско образование и други предмети повторно да се изучуваат како одделни предмети, а не како во моментов да бидат фузирани и да се создава конфузија кај наставниците и учениците кои навистина секојдневно се прашуваат по кој предмет имаат час. Материјата мора јасно да биде разграничена, како што е пракса и во најголем дел од земјите во Европа и пошироко – рекла Јаневска.

    На средбата се дискутирало и за состојбата со учебниците, особено во основното образование каде што недостигаат по голем дел од предметите.

    Јаневска истакнала дека се прават напори истите да се обезбедат за сите одделенија пред почетокот на новата учебна година, додека за средното образование тоа ќе се случува етапно во следните неколку години бидејќи ситуацијата е навистина катастрофална.

    Соговорниците зборувале и за употребата и прoблемите при користењето на постојниот е-дневник, како и за придобивките од новиот кој вчера беше промовиран, а ќе се примени откако сите предуслови ќе бидат исполнети, што се очекува да се случи во текот на следната учебна година.

    Министерката, како што е наведено во соопштението, посочила дека во овој преоден период од дигитализацијата на образованието, преку е-анкета ќе се слушне мислењето на наставниците за тоа дали во оваа фаза е потребно целосно укинување на хартиениот дневник или пак од корист би било пополнувањето на модифицирана верзија во која ќе се внесуваат само оценки и изостаноци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img