Предвиденото невреме придружено со бурни ветрови денеска пристигна во Хрватска, а во Риека ветерот собори неколку дрвја, јавуваат хрватските медиуми.
Во поширокото подрачје на Риека бурниот ветер предизвикува проблеми во сообраќајот, а во Загреб и околината утринава врне дожд, пропратен со грмежи, јавува порталот Индекс.
Како што соопшти Дирекцијата за цивилна заштита, во областа Риека имало повеќе пријави од граѓани дека паднале повеќе дрвја. Побарана е интервенција на пожарникарите поради навлегување вода во објект.
Поради обилните врнежи од утрово поплавени се улиците и во Опатија.
Невремето со грмотевици се движи од запад кон исток, објавија метеоролозите, а во Хрватска денеска е на сила портокаловиот метео аларм.