Предметите се распределуваат електронски, исклучен е човечкиот фактор

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денеска одговорајќи на пратеничко прашање за соработката на членот на ДКСК, Цвета Ристовска, со Универзитетот за туризам и менаџмент и на прашањето дали постои можен судир на интерес, бидејќи Ристовска го водеше предметот за директорот на Агенцијата на национална безбедност, потенцираше дека таа нема склучено договор за финансиски надоместок и не е член на наставниот кадар на Универзитетот, а предметите се распределуваат електронски.

– Членот на Комисијата нема склучено договор за финансиски надоместок и не е член од наставниот кадар на Факултетот. Таа последен пат била ангажирана како експерт-предавач пред околу 4 години. Во однос на начинот на распределба на предметите, истиот е уреден во Деловникот за работа на Комисијата. Предметите се распределуваат електронски и нема можност за човечки фактор, односно за субјективизам. Ги почитуваме строго овие правила кои се утврдени во Деловникот и во Законот – рече Димитровска.

Таа потенцираше дека ДКСК носи одлуки само врз основа на проверени, утврдени и институционални факти и врз основа на информации за секој поединечен случај по кој што постапува.

Како што рече, одлуката во однос на именувањето на директорот на Агенцијата за наицонална безбедност беше донесена врз основа на овие принципи и во рамките на надлежностите на Државната комисија.

– Во однос на надлежностите утврдени со Закон, ДКСК нема надлежност да утврдува и да постапува доколку во одредени случаи постојат индиции за доставени неверодостојни документи. Одлуката, во однос на именувањето на директорот на Агенцијата за национална безбедност, беше донесена врз основа на овие принципи и во рамките на надлежностите на Државната комисија. За сите други индиции, постојат надлежни органи кои постапуваат во рамките на своите законски надлежности – додаде Димитровска.

Во однос на проверка на веродостојноста на документите кои го потврдуваат завршеното високо образование, Димитровска рече дека Државната комисија не е надлежна и нема правни механизми да го стори тоа.

– Надлежност за проверување на веродостојноста на овие документи има Државниот просветен инспекторат, за кој Државната комисија достави барање, а беше изготвен записник од надлежниот орган и согласно заклучоците од тој записник беше донесена и одлуката. Во однос на судирот на интереси, ДКСК има ексклузивна надлежност да проверува случаи за постоење на судир на интереси – рече Димитровска.

Таа уште еднаш појасни дека не постои судир на интереси во однос на членот којшто учествувал во одлучувањето и кај кој бил електронски распределен предметот.

Share This Article