Предлог решение за употреба на патните исправи и барање одговорност

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во врска настанатата состојба со ограничување на основните човекови права и слободи на македонските граѓани, конкретно правото на слободно движење, а со цел да се спречат масовни тужби пред домашни и меѓународни судови против Република Македонија, правните експерти на Македонски Концепт предлагаат следно решение:

 1.     Воспоставување на специјален формулар / нота / која во слична форма како визите, ќе се вметне во македонските пасоши кои сеуште не го содржат терминот северна, а имаат временска важност, со кој ќе се продолжи нивната важност за одреден временски период, до целосна нивна замена, согласно техничките можности на државата. Со тоа ќе се овозможи слободно движење на македонските граѓани и ќе се превенира основот за тужби против Републиката.

2.     Индивидуализација на одговорноста во МВР, за лицата Оливер Спасовски (министер) и Магдалена Несторовска (државен секретар) затоа што во изминатите 5 години и покрај јасните одредби на Преспанскиот договор и Уставот на РМ со кои биле запознати, свесно нарачувале и пуштале во промет стари обрасци и овозможиле изработка и издавање на лични документи со важност подолга од 12.02.2024 година, иако знаеле дека важноста на истите е до 12.02.2024 година, со што ги довеле во заблуда граѓаните кои ги поседуваат тие документи, направиле огромна материјална штета по Буџетот на Републиката и ја злоупотребиле службената положба и овластување. Да се провери, дали истото го сториле од корупциски мотиви – земање мито од изработувачот на обрасците, по претходно криминално склучени договори.

3.     Македонски Концепт го реафирмира ставот дека, согласно одредбите на Преспанскиот договор: „Политичкиот“ преоден период ќе се однесува на сите документи и материјали, коишто се исклучиво за внатрешна употреба во Втората страна. Издавањето на ваквите документи и материјали кои се опфатени со оваа категорија во согласност со членот 1, став 3 ќе започне при отворањето на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со Европската унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш.“ и согласно ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 20 „Првата страна ќе ја применуваа оваа Спогодба во согласност со нејзините обврски кои произлегуваат од нејзиното членство во Европската унија и нејзиното членство во други меѓународни, мултилатерални или регионални институции или организации, како и во согласност со други меѓународни инструменти. Слично, Втората страна ќе ја применува оваа Спогодба во согласност со нејзините обврски кои произлегуваат од нејзиното членство во меѓународни, мултилатерални или регионални институции или организации, вклучително и оние поврзани со Европската унија, по предлогот за нејзино пристапување во членство.“ Република Македонија НЕМА НИКАКВА ОБВРСКА за користење на терминот „северна“ за внатрешна употреба до започнување на официјални пристапни преговори со ЕУ, односно 5 години после отварање на конкретни поглавја / кластери од тие преговори.

Share This Article