More

    Предизвикувал омраза кај верниците, а владиците ги доведувал во опасност

    spot_img

    Македонската православна црква (МПЦ-ОА) го повика новинарот Марјан Николовски, кој е уредник и соптственик на порталот Религија, да се појави на црковен суд на којшто ќе се носи одлука за неговите критички текстови за работата на Синодот на МПЦ-ОА.

    Како што и самиот објави, Николовски е повикан в понеделник да се јави пред црковен суд, затоа што, како што пишува во поканата за рочиштето, предизвикувал омраза кај верниците, а членовите на Синодот ги доведувал во опасност.

    Николовски кој е уредник на сајтот Религија е повикан да даде и докази за неговите пишувања, а нив да ги разгледа црковен обвинител.

    „Јас сум новинар и мене не може да ме повикува на одговорност црковен суд. Тие мислат дека ако ме одлачат од црквата и ако кажат дека јас не сум веќе дел од црквата нема да имам право да пишувам. Па јас не сум ни муслиман па пишувам за проблемите во ИВЗ, не сум ни католик па пишувам за проблемите во католичката заедница. Едноставно матрицата кај одредени луѓево МПЦ да не може да разберат што е новинарство и, пред сè, критичко новинарство доведува до ваква ситуација“, реагираше Николовски.

    Со реакција и новинарските здруженија. Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ја предупреди црквата да не создава паралелен судски систем, од Здружението на новинари (ЗНМ), пак, ги осудуваат обидите на црковните власти да го замолчат новинарот Марјан Николовски.

    „Не сакаме да навлегуваме во основата за ваквиот потег бидејќи го сметаме за беспредметен, но и не сакаме да веруваме дека во оваа држава постојат паралелни судски системи кои си земаат за право да толкуваат и оценуваат новинарски трудови, да обвинуваат, па веројатно и да санкционираат. Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници предупредува и бара притисокот веднаш да престане, а токму МПЦ-ОА, колку е тоа во нејзина моќ, да влијае да престанат оркестрираните закани по социјалните мрежи“, велат од ССНМ.

    „Остро ги осудуваме сите обиди на црковните власти внимателно да го испитаат и замолчат критичкото новинарство и слободата на изразување. Ваквите активности не само што ги поткопуваат основните принципи на независноста на медиумите, туку ги загрозуваат и демократските вредности кои овозможуваат разновидно и плуралистичко општество да напредува“, велат од ЗНМ.

    Николовски најави дека нема да се појави пред црковниот суд, ниту ќе ги плати трошоците.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img