Пред сплитското училиште Обрничка попладнево се собраа пожарникари, Брза помош и полиција, но засега не се знае точно зошто интервенирале, јавува „Слободна Далмација“.
Од Пожарна им потврдиле дека имало евакуација, но само потенцирале дека не станува збор за пожар.
– Во 16 часот добивме дојава од Стручното училиште во Сплит дека неколкумина ученици од еден клас имале мачнини. Излеговме на терен со пожарникари и со Брза помош, а по пристигнувањето никој не побара лекарска помош – изјавил хрватските медиуми Јерко Куревија од ПУ Сплит-Далматинска.
Тој уверувал и дека опасност за другите граѓани нема.
– Само ни рекоа да го напуштиме училиштето, настана паника, сè уште не знаеме што точно се случило, ученик наводно фрлил солзавец – изјавиле некои од учениците.
Други ученици, пак, слушнале дека не бил солзавец туку истечен плин. Но, сите се согласуваат дека во училиштето имало чудна миризба. Што точно се случи ќе утврдат службите кои излегле на терен.
Наставата продолжи, но некои ученици решија да не се вратат на училиште.
фото: Слободна Далмација