More

    Пред да се насукаат и умрат, китови формирале облик на срце

    spot_img

    Китови пред да умрат формирале облик на срце со своите тела. Снимките од дрон го снимиле моментот кога група од речиси 100 перки китови се движеле цврсто заедно пред да се насукаат на плажата Чејнес на околу 60 километри источно од Олбани, Австралија.

    Овој навистина потресен настан се случи на 27 јули оваа година кога речиси 100 пилот китови угинале откако се насукале во Западна Австралија

    Пилот китовите се познати по своите големи социјални врски, па кога еден кит ќе влезе во потешкотии и ќе се насука, останатите обично го следат.

    Групата китови во вторникот (25 јули) се насукала на плажата Чејнс во Западна Австралија, јужно од главниот град Перт.

    И покрај напорите на службениците за заштита на дивите животни и 250 волонтери, 52 насукани китови угинале на плажата.

    Преостанатите 45 биле еутанизирани во средата откако пропаднале обидите да бидат однесени во подлабоки води.

    Преживеаните постојано се враќале во плиткото, наведено е во соопштение од Службата за паркови и диви животини на Западна Австралија.

    – За жал, мораше да се донесе одлука за евтаназија на преостанатите китови за да се избегне продолжување на нивната агонија – соопштила службата.

    Службата им се заблагодарила на службениците и волонтерите кои помогнале во обидите за спасување на китовите.

    Питер Хартлеј, менаџер на Одделението за биодиверзитет, зачувување и атракција кој ја надгледувал акцијата, денеска ја опишал одлуката за евтаназија на преживеаните како „неверојатно тешка“.

    – Веројатно една од најтешките одлуки во моите 34 години управување со диви животни. Навистина, навистина тешко – рекол Хартлеј.

    Од 230 пилот китови насукани во Тасманија, во Австралија, во септември 2022 година, 32 биле спасени од експертите за диви животни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img