Пред 15 илјади граѓани Мицкоски од Охрид со порака: Можете да се потпрете на нас!

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Народот доаѓа по Македонија за да си ја врати во свои раце, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Охрид, кој го нарече градот на славна историја „од св. Климент и Наум до Самоил, од Глигор Прличев до Петре Пирузе Мајски…“. Тој рече дека „идејата не можат да ја уништат, а нашата идеја е Македонија“.

Лидерот на најголемата опозициска партија им се обрати на сите Македонци, на Албанците, Турците, Србите, Бошњаците, Ромите, Власите… но и на членовите на СДСМ и ги повика да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и да бидат сигурни дека оваа партија нема да ги изневери.

– Им се обраќам на сите Македонци гласајте за нас нема да ве изневериме. До Албанците, гласајте за нас, ќе живеете подобро од сега, ќе работиме заедно за соживот и развој на државата. Им се обраќам до Турците, секогаш сте ја поддржувале независна и самостојна Македонија, и со нас сте биле во сите наши победи и порази овие 30 години, и сега можеме заедно ќе направиме повеќе – говореше тој и продолжи:

– До Ромите, заедно да се бориме против сиромаштијата, да стекнеме нови победи и успеси за нашата иднина. Сакам да се обратам до Србите во Македонија, споделуваме заеднички грижи и се бориме за заеднички вредности. Македонија е наша заедничка земја и вие сте ни потребни во оваа наша борба – рече Мицкоски и продолжи:

– До Власите – секогаш заедно со нас сте ги воделе сите битки, така е и овој пат. И ќе победиме. Ќе победимеее. До Бошњаците – мораме да изградиме општество на здрави темели, подаваме рака, и вие тоа го прифаќате. Дојдете со нас, за да имаме заедничка иднина.И до сите останати. До христијаните, муслиманите, Евреите, бидете со нас, ние ќе ви бидеме вашата потпора и грб, и со нас ќе ви биде подобро, ќе има работа, ќе има реформи и подобар живот – подвлече Мицкоски и додаде:

– Сакам да им се обратам на членовите на СДСМ… Знам дека постојат разлики меѓу нас, дека имате дилеми, дека можеби имате и стравувања, јас ве охрабрувам, сите сме граѓани на ова земја, и нема влакно да ви фали, ќе работиме заедно со вас ќе ги искористиме сите потенцијали на ова држава за да живееме подобро, затоа што се отселуваат и ваши и наши пријатели и роднини, затоа што и наши и ваши деца се разочаруваат од државава. Ајде да се обединиме и да ги направиме горди, да кажат нашите родители беа генерацијата која ги запре поделбите по партиска основа и ги мобилизираше сите во функција на развојот на државата… ви ветувам можете да се потпрете на нас. Гледате каква е ситуација и што се случува. Знам дека и вие се срамите од ова што се случува. Има многу од вас, дури и чесни функционери кои ми пристапуваат, и секогаш кај мене ќе имате отворена врата. . . ќе чекориме напред заедно. Ви го ветувам тоа – порача Мицкоски од Градскиот плоштад во Охрид.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека следува жесток одговор од народот на овие избори кон Артановци и Зечевиќи, им се ближи крајот.

– Ни говори Ковачевски дека имал успеси и дека се било добро и дека седеле една тивка ноќ со Стево сами и се договарале, па дури и Заев го видовме им дојде на помош со спотови. Но добро е што се заедно затоа што така со овие избори завршува една политичка етапа на корумпирани политичари кои ја злоупотребија довербата на граѓаните и дозволија ДУИ да ја киднапира и украде Македонија од рацете на народот. Ветуваа живот за сите, но за жал во Македонија паметите, добивме уживање за Артановци и Зечевиќи во Македонија, а живот за сите други на раб на егзистенција тука или надвор од земјава – порача Мицкоски.

Мицкоски рече дека со овие избори завршува една политичка етапа на корумпирани политичари кои ја злоупотребија довербата на граѓаните и дозволија ДУИ да ја киднапира и украде Македонија од рацете на народот.

- Advertisement -
Ad image

Мицкоски пред граѓаните обзнани едно сценарио, кое според него е „завера која ја подготвува актуелната власт и со која си се лажат себе си дека ќе им успее“.

– А, тоа е, ќе имале СДСМ 28 пратеници, а албанските партии ќе добиеле 33 заедно и ќе правеле влада заедно, замислете каква багра е тоа, и како размислува за иднината на Македонија. Нив не ги интересира иднината на државата, туку иднината на нивните фотелји, нема откажување од фотелјите треба да им е слоганот. Дури и им ветувале на ДУИ дека наместо како до сега 50 проценти од државните институции, СДСМ би се задоволиле со 30 проценти, а ДУИ и останатите партии да преземат сè до 70 проценти – појасни Мицкоски.

Share This Article