More

    Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да му помогне на руското воено разузнавање во наводниот заговор за атентат на украинскиот претседател Володимир Зеленски

    spot_img

    Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да му помогне на руското воено разузнавање во наводниот заговор за атентат на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави Еј-Би-Си њус.

    Канцеларијата на националното обвинителство на Полска соопшти дека Полјакот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да им пренесе безбедносни информации на руски агенти за аеродромот Жешов-Јасионка, во југоисточна Полска, но бил уапсен во средата во Полска.

    Човекот бил во контакт со Руси, директно вклучени во војната во Украина, и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот кој служи како порта за меѓународна воена и хуманитарна помош за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.

    Доколку биде прогласен за виновен, човекот може да се соочи со казна затвор до 8 години, се вели во соопштението за печатот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img