Амнестијата и намалувањето на затворските казни за 30 отсто е само еден од начините за намалување на прекубројноста во затворите, посебно во Идризово, каде состојбите се крајно загрижувачки. Затоа ние сметаме дека можеби е добро што сторителите на кривични дела од помал интензитет и со пониски казни ќе бидат опфатени со амнестија, но алтернативните мерки секогаш ги потенцираме како начин за надминување на проблемите со прекубројноста во затворите – изјави Народниот правобранител Насер Зибери во одговор на новинарско прашање денеска во Штип.
Тој смета дека пренатрупаноста на затворите само по себе повлекува и други проблеми како што се здравствената заштита на затворениците, условите за живеење таму, проблемите со кои се соочува затворската полиција зашто треба да се грижи за поголем број на затвореници.
– Затоа сметаме дека амнестијата ќе оди во прилог, но изрекувањето на алтернативните мерки, прохабицискиот систем, системот на алки, се палета на мерки кои во развиените држави одлично функционираат и не прават притисок врз казнено-поправните установи во смисла на прекубројност на сместените осуденици и затоа ги охрабрувам судовите да бидат посмели во изрекувањето на овие алтернативн мерки, иако морам да признаам дека во последните три години алтернативните мерки имаат голем раст при изрекувањето казни од страна на судовите, посочи Зибери.