Десет членови на семејството на последниот грчки крал Константин побараа и добија грчко државјанство. По 50 години откако беше укината монархијата внуците и правнуците на Констатин ќе се вратат во земјата. Семејството ѝ вети лојалоност на Грција, велејќи дека смртта на Константин во 2023 година го означило крајот на една ера.
Предуслов за враќањето на семејството била промената на презимето во „Де Грес“, што на француски означува „од Грција“, пишува Ројтерс.
Ова ги налути некои од левичарските политичари во Грција кои тврдат дека власта се обидува да добие на поени, додека мигрантите со години чекаат за грчко државјанство. Истовремено, левицата обвинува дека презимето „Де Грес“ не е уставно, односно дека со промената на презимето титулата веќе не е благородничка.
– Презимето што го избраа потврдува дека сакаат да го зачуваат митот – рече Никос Андрулакис, водач на најголемата опозициска социјалистичка партија ПАСОК.
Власта во Грција уверува дека враќањето на кралското семејство е формалност и дека демократијата не е загрозена.
Поранешниот крал Константин II. се качи на тронот во 1964 година, но неговото владеење беше нарушено со политичка нестабилност што кулминираше со воениот удар на 21 април 1967 година.
По падот на воената хунта во 1974 година, Грците на референдум ја отфрлија монархијата, со што Константин стана последниот крал на Грција. Атина му го укина државјанството во 1994 година и ги постави условите под кои тој и неговото семејство ќе бидат признати како државјани на Република Грција.