Македонската академија на науки и уметности (МАНУ) од самото нејзино формирање е мултиетничка установа, во неа има членови од различни етнички заедници и има капацитет да апсорбира членови независно од етничката припадност, вели академик Владо Камбовски за Телма, откако во јавноста стана актуелна темата за формирање паралелна Албанска акаедмија на науките и уметностите.
Тој предупредува дека формирање национална академија на еднонационална основа може да доведе до поделби и конфликти на научната заедница, како и до појава и на други еднонационални академии – српска, бугарска или некоја друга.
– Научни друштва или институти се возможни и веќе имаме такви примери. Секој може да формира научно друштво. Академија како национална установа е сосема друго прашање – вели за Телма академик Владо Камбовски.