Пратениците на СДСМ ќе гласаат за симнување од дневен ред на Законот за министерства

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Системски закони не се носат по брза постапка, пратениците на СДСМ ќе гласаат за симнување од дневен ред на законите за реорганизација и зголемување на бројот на министерства, рече Оливер Спасовски координатор на пратеничката група на СДСМ на денешната седница во Собранието.

– Сакам да го изразам ставот на пратеничката група на СДСМ, дека системски закон да се носи по скратена постапка, не е дозволено, посебно закон којшто уредува зголемување на бројот на министерствата и агенции и нема ниту проценка на влијание на регулативата. Не навлегувам во аргументите, предлогот, легитимноста, ама тука апсолутно станува збор за сложен и обемен закон кој е спротивен на деловникот на којшто се однесува и ние гласаме за симнување на оваа точка од дневниот ред – рече Спасовски.

фото: МИА
Share This Article