Пратеникот на СДСМ се согласил да го менува Џафери

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Како компензација за изгубеното премиерско место, на местото на актуелниот собраниски спикер Талат Џафери ќе седне досегашниот координатор на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, дознава Телма.

За ова премиерот веќе разговарал со Митрески, кој во моментов е во Франција на процесот „Жан Моне“, и тој се согласил да го замени Џафери.

На ова веднаш реагираше опозицијата која истакна дека „деспотот од Форино ќе остане запаметен по неговите кршења на законот, процедурите и незаконскиот начин на кој беше поставен на тоа место“.

„Сега е јасно зошто Димитар Ковачевски не се откажуваше од техничка влада. Дезертерот Ковачевски ќе биде заменет со нов дезертер Џафери“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот синоќа во интервју не можеше да потврди кој ќе биде технички премиер. Не откри ниту дали ќе настапат само со своите традиционални партнери или во коалиција со ДУИ и со Алијанса за Албанците.

Од ДУИ, пак, го овластиле претседателот на партијата да продолжи со разговорите со политичките партии и да одлучува за евентуални коалиции за претседателските и парламентарните избори. Шеф на Централниот изборен штаб ќе им биде министерот Фатмир Бесими.

Share This Article