Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки денеска поднесе тужба за клевета против премиерот Димитар Ковачевски и против партијата СДСМ, информира самиот тој преку Фејсбук.
„Од страна на СДС и нивниот трајно неспособен премиер за мене беше кажано дека сум дезертирал од АРМ, сум кодошел, сум продавал некакви тајни на странски служби, сум крадел документи, дека некој ми ги скинал еполетите од униформата и што ли уште не. Станува збор за апсолутни невистини, напротив, токму обратно е. Овие клевети со кои СДС се обидува да ми нанесе штета на личноста се обид за дефокусирање од вистината дека Македонија ја води трајно неспособен премиер, кој одбил да ја брани својата држава. Одговорност за лагите мора да има. Тоа што Ковачевски не може да избегне од фактот дека приложил документ дека е трајно неспособен, не му дава за право да лаже со цел да дефокусира од себе. Се гледаме на Суд. За навредите нема да тужам затоа што тие повеќе говорат за тој што ги кажува отколку за тој кон кого се упатени“ – напиша Ковачки на својот профил на Фејсбук.