Пратеничката од ИТН не сака да претседава со бугарското собрание

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ива Митева од партијата „Има таков народ“ на Слави Трифонов одби да биде предложена за претседател за нов претседател на 47. Народно собрание на Бугарија, соопшти таа за БНР по вонредниот состанок на пратеничката група на „Има таков народ“.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Митева, немало ништо страшно доколку не се избере нов претседател во рокот од 14 дена предвиден во собранискиот деловник.

Митева најави дека нема да биде кандидат за претседател на Народното собрание на Бугарија. Сè додека не се смири ситуацијата, таа смета дека претседател на Собранието треба да биде човек кој ќе има согласност од целиот парламент, Митева не гледа кој од нејзините колеги би ја преземал оваа функција, бидејќи никој нема да сака да биде на оваа функција, бидејќи никој нема да сака да се неоѓа во ситуација да биде понижуван секој ден. Според Ива Митева, нема потреба ситуацијата во Бугарија да биде толку тензична и немало потреба се да се прави со инает.

Ива Митева смета дека е грешка смената на Никола Минчев од функцијата, порака која изненади многу политички набљудувачи во Бугарија. Како што потсетува дописникот на МИА од Софија, Ива Митева, беше претседавач со 45. и 46. Народно собрание на Бугарија.

Share This Article