More

    Пратеничка група на ВМРО-ДПМЕ и Коалицијата поднесе предлог-измени на две законски решенија со цел да им се олесни животот на лицата кои боледуваат од хронична болест од најтежок облик

    spot_img

    Пратеничка група на ВМРО-ДПМЕ и Коалицијата поднесе предлог-измени на две законски решенија со цел да им се олесни животот на лицата кои боледуваат од хронична болест од најтежок облик, цистична фиброза, информира пратеникот Петар Ристевски на прес конференција.

    – Станува збор за измени на Законот за здравствено осигурување и Законот за јавни патишта. Со измените на овие Закони предлагаме ослободување од партиципација за лекување на лицата болни од цистична фиброза над 26 годишна возраст и ослободување од патна такса и патарини – рече Ристевски.

    Тој потсети дека пред три месеци се измени Законот за лекови со цел лицата кои се хронично болни цистична фиброза да можат да ја добијат потребната терапија, но околу 130 од нив сè уште не може да го добијат лекот Трикафта.

    – Ние, како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата под итно бараме да се обезбеди модуларна терапија за сите болни од цистична фиброза. Како пратеничка група сме во постојан контакт со овие лица. Министерот за здравство, Фатмир Меџити да престане да ја замајува јавноста со паркинг на клинички, укинување на директори во рамки на кампусот клиники Мајка Тереза и како приоритет да се заложи лицата со цистична фиброза да го добијат потребниот лек.

    Ги повикуваме пратениците од владејачката коалиција да покажат доблест и да ги поддржат измените на овие два закони со цел олеснување на животот на лицата со цистична фиброза – рече пратеникот Ристевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img