More

    Познато е зошто Мбапе не играше за Франција против Германија

    spot_img

    Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе го пропушти пријателскиот натпревар меѓу Франција и Германија во Дортмунд поради повреда на коленото, пренесуваат француските медиуми.

    Германија победи со 2:1, а единствениот гол за Франција го постигна Антоан Гризман. Француските медиуми пренесуваат дека Мбапе треба да се опорави до крајот на неделата.

    „Мбапе има проблеми со повреда на коленото. Иако се работи за полесна повреда, таа му прави проблеми. Не сакавме да ризикуваме“, изјави селекторот на Франција, Дидие Дешамп.

    Француските медиуми пренесуваат дека стручниот штаб на Пари Сен Жермен очекува најдобриот играч на ПСЖ да закрепне до крајот на неделата.

    Мбапе би можел да го пропушти следното коло од францускиот шампионат против Ница, но сигурно ќе биде подготвен за првото коло од Лигата на шампионите со Борусија Дортмунд во Париз во вторник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img