More

    Познато е на чии натпревари се обложил италијанскиот играч за врска, очекува ли строга казна?

    spot_img

    Сандро Тонали (23) би можел да добие едногодишна забрана за играње фудбал поради обложување и коцкање. Италијанската Газета дело Спорт пишува дека играчот од средниот ред на Њукасл се обложил на натпреварите на неговиот поранешен клуб Милан

    Одличниот играч за врска играше за Милан од есента 2020 година до летото 2023 година и во тој период се обложуваше на своите натпревари.

    „Тонали се обложи на натпреварите на Милан кога не беше во тимот, но тоа не ги промени конечните резултати. Во секој случај, Сандро најверојатно ќе добие казна од една година“, пишуваат Италијанците.

    Тонали летово дојде во Њукасл од Милан за 64 милиони евра и досега десет пати играше за својот нов клуб.

    На спортистите во Италија им е забрането да се обложуваат на натпревари организирани од Италијанската фудбалска асоцијација, УЕФА и ФИФА и им е забрането директно или индиректно да плаќаат облози, а оние кои ќе го прекршат правилото се соочуваат со парични казни од не помали од 25.000 евра и забрана за играње до до три години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img