Челзи беше поразен од Астон Вила со 2:0, а цената ја плати Греам Потер кој доби отказ.
Потер го презеде лондонскиот клуб во септември минатата година, откако Томас Тухел доби отказ, но на клупата се задржа само 31 натпревар, постигнувајќи 12 победи, осум нерешени и 11 порази, поради што „сините“ во моментов се на 11-то место.
Втор отказ денеска во Англија: Челзи го отпушти Потер
Според Sky Sports, Челзи постигнал договор со Потер и нема да мора да плати отпремнина што би претставувало невидено скапа разделба меѓу менаџерот и клубот.
Се проценуваше дека Челзи ќе треба да плати околу 50 милиони фунти (околу 57 милиони евра) за да го ослободи Потер, кој добиваше 12 милиони фунти годишно. Потер ќе добие 21,5 милиони фунти (околу 24,5 милиони евра), а многу англиски медиуми тврдат дека тоа е рекордна бројка.