More

    Познато е каков број ќе носи Мбапе во Реал Мадрид, откри Романо дали ја побарал десетката на Модриќ

    spot_img

    Килијан Мбапе и официјално стана играч на Реал Мадрид, со кој потпиша петгодишен договор

    Одличниот француски напаѓач пристигна како слободен играч откако му истече договорот со Пари Сен Жермен и откако многу инсајдери и светски медиуми со месеци пишуваа дека ќе потпише за Реал.

    Мбапе нема да го носи бројот 10 на грб во Мадрид, туку ќе го земе бројот девет кој е празен откако неговиот сонародник Карим Бензема минатата година замина во Саудиска Ал Итихад.

    Фабрицио Романо, познат новинар, објави дека „Мбапе и неговите претставници не го ни прашале Реал дали може да го земе бројот 10 за следната сезона“. Романо истакнува дека Мбапе и Реал на тој начин покажале „почит кон Лука Модриќ, кој останува во клубот уште една сезона“.

    Модриќ со години го носи бројот десет, па Мбапе ќе мора да почека да се ослободи со заминувањето на Лука. Романо потсетува дека своевремено и Кристијано Роналдо чекал Раул да го напушти дресот со број 7.

    Исто така, Мбапе не може да го земе бројот седум бидејќи му припаѓа на Винисиус Јуниор, еден од најважните играчи во тимот на тренерот Карло Анчелоти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img