Познато е дека темното чоколадо се смета за здраво уживање, кое може да помогне во согорување повеќе калории, потврдија истражувачите.
Темното чоколадо со 70% или поголем удел какао е богато со растителни соединенија наречени флавоноиди и флаваноли што помагаат за забрзување на метаболизмот а исто така ја намалуваат можноста од срцеви заболувања. Американското здружение за срце забележува дека јадењето темно чоколадо веројатно е поврзано и со помала опасност од отпорност на инсулин и висок крвен притисок. Истражувањата укажуваат и на когнитивни придобивки, како што се подобрување на протокот на крв во мозокот, подобро помнење, побрза обработка на податоците и поубаво расположение.
Научен труд објавен во International Journal of Exercise Science го испитува ефектот на мала количина темно чоколадо врз потрошувањето енергија кај жените за време на одмор и во вежбање.
Осумнаесет жени во добра форма, одбрани по случаен избор, биле поделени во две групи. На едната група ѝ е дадено 20 грама темно чоколадо, а на другата еднаква калориска количина бело чоколадо. Сѐ тоа требало да се јаде секој ден во 28-дневното тестирање. Испитаничките не биле свесни за фактот дека темното чоколадо е тестот, а белото е само плацебо-ефект. Вежбите вклучувале возење велосипед во место со два различни интензитета.
Испитувањата покажале дека учесничките кои јаделе темно чоколадо доживеале скоро 10% зголемување на метаболичката стапка во мирување, наспроти никакво зголемување кај групата со белото чоколадо. Темното чоколадо немало никакво влијание врз потрошувањето енергија за време на кој било интензитет во циклусот.