Познатиот српски актер и поранешен министер за култура на Србија Бранислав Лечиќ ја тужел актерката Анѓела Јовановиќ бидејќи одбила да глуми со него во истата сцена од серијата Радио Милева, дознава српски „Блиц“.
Тој бара таа да му плати 300.000 динари (околу 2.500 евра) за „повреда на честа и угледот“.
Анѓела Јовановиќ е една од главните актерки во серијата Радио Милева, додека Лечиќ требаше да се појави како спореден лик кој е лажно обвинет за сексуална злоупотреба. Иронично е што овој актер всушност беше ослободен од обвинението за силување пред три години.
Актерката за српскиот таблоид потврдила дека ја добила тужбата.
Потсетуваме, Лечиќ беше обвинет од актерката Данијела Штајнфелд дека ја силувал во 2012 година, но Вишото обвинителство во Белград го отфрли случајот. Само неколку дена подоцна, актерката Мерима Исаковиќ изјави дека Лечиќ ја силувал во 1978 година, кога имала само 18 години.
Мерима подоцна изјави дека со неа контактирале и други девојки и ѝ рекле дека обвинетиот актер им пришол на разни непристојни начини и дека ќе дадат исказ пред Обвинителството против него, но не сакале да го откријат својот идентитет во јавноста.
ФОТО: Инстаграм