Медиумскиот магнат Руперт Мардок (92) летува на јахта со Елена Жукова, која е научник, пишува „Дејли мејл“.
Мардок помина голем дел од изминатите неколку недели крстарејќи по Медитеранот, прво на „Кристина О“, легендарниот брод што го креираше Аристотел Оназис, а неодамна на втора неидентификувана јахта, посебно во посета на Грција.
На моменти му се придружуваа неговите ќерки Грејс (22) и Клои (20) од третата сопруга Венди Денг.
– Тој ја има енергијата на луѓето кои се двојно помлади од него. Можеби е повторно вљубен – рекол извор близок до Мардок за странските медиуми.
Инаку, ќерка на Елена Жукова е Даша Жукова, поранешна сопруга на рускиот олигарх Роман Амбрамович.
Гласините за новата љубов се појавија само четири месеци откако милијардерот ја раскина свршувачката со Ен Лесли Смит (66). Поранешната двојка раскина само две недели откако објавија дека планираат да се венчаат.
Инаку, Мардок во август минатата година се разведе од манекенката Џери Хол.
Имотот на тајкунот со австралиско потекло, кој поседува голем број медиуми, вклучувајќи ги „Тајмс“, „Њујорк пост“, „Фокс њуз“ и „Волстрит журнал“, се проценува на 17,7 милијарди долари.
Бракот на Мардок со Џери беше негов четврти брак (и четврти развод).