Познатиот јутјубер Стефан Лазаров на својот Фејсбук-профил објави вест дека Кристијан Коцев-Кико од карбинското село Долни Балван за чие лекување на социјалните мрежи масовно се собираа парични средства преку донации.
„Здраво на сите.. Кико ноќта ја помина добро и моментално е во стабилна состојба. Како што бевме сите сплотени околу финансискиот дел сега е битно да се молиме сите заедно и надеваме дека ќе биде се како што треба. Разговарав со семејството и сите сме свесни дека во моментов е потребен мир и верба за Кико да продолжи да се бори. Постојано добивам пораки како е Кико и тоа ме радува, но во моментов мораме да почекаме и да имаме разбирање за неговата ситуација која се менува на секој час. Кико е борец и знам дека ќе биде сѐкако што треба, напиша на својот Фејсбук профил јутуберот Стефан Лазаров.