More

    Мицкоски порача дека ќе се работи со пеколно темпо

    spot_img

    Економско заживување, зголемување на пензиите и на платите, намалување на даноците, инвестиции во образованието, здравството и културата, борба против корупцијата, одговорност за секој криминал и реформи усогласени со европските стандарди, најави мандатарот и премиер на новата влада Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

    Тој рече дека народот очекува резултати и порача дека неморал и потфрлувања нема да толерира.

    На денешната собраниска седница на која се бира идната влада, Мицкоски веќе за во вторник најави инвестиција од 400 милиони евра, а потоа и намалување на даноците и зголемување на пензиите.

    – Доаѓа часот кога татковината треба да направи повеќе за граѓаните. секој од вас направи се за својата татковина, сега е време таа да прави за вас. Според сознанијата што ги имаме, ситуацијата во повеќе области е рамна на клиничка смрт, институциите се доведени до колапс. Одлучно ќе одговориме и за се јавноста ќе биде известена. Нема да барам 100 дена меден месец, туку најавувам инвестиции веднаш, веќе во вторник инвестиција повеке од 400 милиони евра, потоа намалување на даноците и зголемување на пензиите – рече Мицкоски.

    Тој порача дека мора да се постигне раст на БДП до 5 проценти годишно и ниска стапка на инфлација не повеќе од 2,0%- 2,5% годишно.

    – Намалување на невработеноста до 7,5%. Односно создавање на нови 55 илјади работни места. Ќе ги намалиме даноците. Ќе обезбедиме секое дете да оди во градинка. Инвестиции во инфраструктурата од над 2 милијарди евра за 4 години, завршување на автопатот Кичево – Охрид, реконструкција и рехабилитација на железничкиот коридор 10 и набавка на возови, како и 250 милиони евра капитални инвестиции во општините. Ќе работиме на децентрализацијата. Ќе направиме формирање на посебен фонд за врвна наука преку кој ќе фатиме чекор со светските истражувачки центри, обнова и реновирање на училишта, како и зголемување на платите во образованието согласно со Колективниот договор, зголемување на буџетот во образованието, силни инвестиции во здравството и нови болници и многу други работи. И конечно одговорност и фронт против корупцијата, прочешлување на имотот на судиите, обвинителите и функционерите – рече Мицкоски.

    Тој  ѝ порача на опозицијата дека секогаш е добредојдена за соработка и рече дека нема да спроведува политички хајки, но ќе бара одговорност за сите направни криминалии.

    – Сакам да се обратам и до опозицијата. Вие ќе ја имате мојата подадена рака да седнеме и разговараме за сите отворени и важни прашања. Важни прашања за граѓаните. Јас ќе се однесувам со должна почит кон вашите предлози и не очекувајте политички хајки затоа што нема да го трошам времето на тоа што го трошевте вие. Но ќе има одговорност за секој криминал – истакна мандатрот.

    Собраниската седница ја следат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претставници на диломатскиот кор.

    Според собранискиот Деловник, предвидено е седницата да трае најмногу два дена, односно треба да заврши најдоцна до утре на полноќ. Владата ќе биде избрана ако за неа гласале мнозинството од вкупниот број на пратеници.

    Во новата влада ќе има вкупно 20 министерства, четири повеќе од досега. Владата ќе брои 24 члена. Покрај премиерот, ќе има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор. Мицкоски ќе има пет заменици односно вицепремиери, а еден од нив ќе биде „прв вицепремиер“. Во владиниот кабинет, 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img