Познатиот хрватски инфлуенсер Перица на свое снимање во италијанскиот град Торино облече дрес од македонската репрезентација за да ги провоцира случајните минувачи

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Познатиот хрватски инфлуенсер Перица на свое снимање во италијанскиот град Торино облече дрес од македонската репрезентација за да ги провоцира случајните минувачи. Некои од нив негодуваа, некои го признаа поразот од Македонија, а една девојка направи повеќе склекови од јутјуберот, пишува 24сата.Тој видеото го постираше на својот канал JoomBoos, или џумбуш.

– Господине, извинете, имам едно прашање. Дали мислите дека Италија треба и заслужи да биде на Мундијалот? – запраша Перица еден Италијанец во костум.
Господинот како од топ одговори дека „не заслужиле затоа што играле лошо“. Друг случаен минувач му кажа на Перица дека „заслужено изгубиле“. Со следниот соговорник Перица наиде на јазична бариера бидејќи господинот не знаеше англиски, но се обиде да комуницира со Перица на италијански.

– Јас сум збунет. Типот цело време ми зборува на италијански, а јас одговарам само ‘да, да, да’… поим немам што ми зборува – рече Перица и продолжи со провокациите.

Тој им довикна на двајца момци кои поминаа дека се слаби и дека има поголеми мускули од нив. Потоа, тој почна да прави склекови, а една Италијанка дојде и реши и таа да прави склекови за да му докаже дека е посилна.

– Ајде, покажи ми што знаеш, да те видам – ​​ја предизвика Перица, а таа без проблем се согласи.

На крајот, победи Италијанката.

Share This Article