Еден од најпопуларните хрватски актери Славко Собин во моментот работи на нов проект, а во прашање е британската трилер серија „Ноќниот менаџер“ (The Night Manager), односно нејзиното продолжение кое следеше осум години по емитувањето на првата сезона.
Друштво на сетот му прави поранешната девојка на славниот холивудски заводник Леонардо Дикаприо, манекенката и актерка Камила Мороне, со која објави фотографија на која многумина му позавидуваат.
„Камила ја избира најдобрата храна. Диего ги избира најдобрите пијалаци. А јас… снимам селфи”, се пошегува Собин во описот на фотографијатавшто ја објави на социјалните мрежи и предизвика лавина позитивни реакции.
„Скапа фотографија“, коментираа многумина кои беа воодушевени што се сликал со убавицата која овој пат позираше без трошка шминка.
Камила ја започна кариерата како манекенка, а воедно е и поранешна девојка на големата холивудска ѕвезда.
Лео и Камила беа во врска четири години и раскинаа набргу откако таа го прослави својот 26-ти роденден. Тие се запознале кога таа била девојче, а многумина беа убедени дека холивудскиот заводник токму со оваа убавица ќе застанат пред олтарот.
Дикаприо сега е во врска со една од најпознатите топ модели во светот, италијанската манекенка Виторија Черети.