Познатиот германски производител на порцелан „Розентал“ (Rosenthal) можеби ќе мора да затвори една од своите две производствени локации и да укине работни места бидејќи се соочува со криза

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Познатиот германски производител на порцелан „Розентал“ (Rosenthal) можеби ќе мора да затвори една од своите две производствени локации и да укине работни места бидејќи се соочува со криза.

-Разговорите меѓу менаџментот и синдикатот се во тек. Која фабрика ќе остане е дел од тековните преговори, изјави портпаролката на компанијата од седиштето на компанијата во Селб, Баварија.

Компанијата произведува во две фабрики. Едната е во Селб, а другата во Спејхерсдорф, и двете во Баварија. Во нив работат 600 работници, а на дел од нив ќе треба да им даде отказ.

Компанијата се најде во лоша состојба поради промената на однесувањето на потрошувачите, а има и зголемени трошоци за плати.

„Розентал“ е основана во Селб во 1879 година. Зголемената странска конкуренција доведе до продажба на Waterfood-Wedgewood во Обединетото Кралство во 1997 година, а во 2009 година, Rosenthal прогласи несолвентност и беше купена од италијанската Arcturus Group.

Производите на „Розентал“ во регионот се познати уште од времето на СФРЈ.

Компанијата во тоа време(1991 година) произвела  порцелански прибор за репрезентативни објекти на СФРЈ

Според информациите од Музејот на Југославија, тогашниот претседател Јосип Броз Тито поседувал сервис за порцелан „Розентал“ со монограмот ЈБТ.

Share This Article