More

    Познатиот Чак Бас се ожени со убавата колешка во Италија

    spot_img

    Актерот Ед Вествик, кој на пошироката јавност ѝ е познат по улогата на Чак Бас во серијата „Озборувачка“ (Gossip Girl), се ожени со својата долгогодишна партнерка Ејми Џексон.

    Откако се венчаа на мала граѓанска церемонија во хотел во Лондон на 9 август, парот по вторпат го изговори судбоносното „да“ на луксузна венчавка во Италија. Двојката покани 220 гости, кои допатуваа од САД, Индија и различни делови на Европа, да им се придружат на тридневната прослава на брегот Амалфи.

     

    – Сакавме свадбено место кое не само што е природно убаво, опкружено со океан, ридови и лозја, туку и уникатно, и токму тоа го најдовме – изјавила Ејми за магазинот „Пипл“, која е актерка.

    Меѓу гостите биле и ѕвездата на серијата „Озборувачка“, Кели Радерфорд, моделот и актерка Дејзи Лоу, комичарот и актер Џек Вајтхол, филмскиот продуцент Мохамед Ал Турки и многу други.

    Свеченостите започнаа во петокот, 23 август, со крстарење на зајдисонце.

     

    Актерката од првиот брак има син, и вели дека тој и Ед одлично се согласуваат:

    – Сакам како Ед се разбира со мојот син Андреас и едвај чекам да го видам како татко еден ден – рекла Ејми.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img